Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
- При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за всисување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD).
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Напомена: редовно извршувајте ги следните одржувања, за да се загарантира долга и сигурна употреба.
Проверете дали капаците и заштитните делови се неоштетени и правилно ставени. Евентуално, пред користење спроведете ги потребните работи за одржување и поправка.
Редовно проверувајте го електричниот алат дали има недостатоци, лабав, откачен или оштетен ланец, лабаво прицврстување и истрошени или оштетени компоненти.
Замена на ланецот на пилата и запчаник
Заменувајте го ланецот на пилата и запчаникот со оригинални Bosch резервни делови или оставете овие делови да ги замени вашиот овластен сервис за Bosch електрични алати.
После употреба/складирање
Ставете ја заштитата за ланец (7) на сечилото (9), за да избегнете повреди.
Ланецот на пилата (8) може да се истапи при несакани удари или гребнатини.
Исчистете го обликуваното пластично куќиште на електричниот алат со мека четка и чиста крпа. Не користете вода, растворувачи и средства за полирање. Отстранете ги сите нечистотии, особено од отворите за вентилација на моторот.
По употреба од 1–3 часа, демонтирајте го капакот (12), сечилото (9) и ланецот на пилата (8) и исчистете ги со помош на четка.
Ако електричниот алат треба да се складира подолго време, исчистете ги ланецот (8) и сечилото (9).
Складирајте електричниот алат на безбедно, чисто место и надвор од дофат на деца.
Не поставувајте други предмети на електричниот алат.
Не вршете промени на електричниот алат. Недозволени промени може да ја нарушат безбедноста на вашиот уред и да доведат до посилни звуци и вибрации.