Отстранување грешки
Следната табела ги прикажува симптомите на грешки и како да си помогнете ако вашиот електричен алат не работи правилно. Ако не можете да го локализирате и отстраните проблемот, обратете се кај вашата сервисна работилница.
- Внимание: пред да пребарувате дефекти, исклучете го електричниот алат и извадете го струјниот приклучок.
Симптом | Можна причина | Помош |
---|---|---|
Електричниот алат не работи | предната сопирачка се активирала | Повлечете ја рачката за активирање на предната сопирачка (4) во позиција . |
Приклучокот не е ставен | Ставете го приклучокот | |
Приклучницата е дефектна | Користете друга приклучница | |
Се активирал осигурувачот | Сменете го осигурувачот | |
Продолжниот кабел е оштетен | Обидете се без продолжен кабел | |
Електричниот алат работи со прекини | Струјниот кабел е дефектен | Притиснете ја предната рачка за сопирање, за да го запрете ланецот на пилата; проверете го струјниот кабел и ев. заменете го |
Надворешен или внатрешен лабав контакт | Притиснете ја предната рачка за сопирање, за да го запрете ланецот на пилата; обратете се кај вашата сервисна служба на Bosch | |
Прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е дефектен | Притиснете ја предната рачка за сопирање, за да го запрете ланецот на пилата; обратете се кај вашата сервисна служба на Bosch | |
Ланецот на пилата не запира | предната сопирачка/сопирачката за исфрлување од брзина е дефектна | Обратете се кај вашата сервисна служба на Bosch. |
Ланецот на пилата/шината-водилка е жешка | Затегнувањето на ланецот е преголемо | Поставете го затегнувањето на ланецот |
Ланецот на пилата е истапен | Заменете го ланецот на пилата | |
Електричниот алат тропа, вибрира или не сече правилно | Затегнувањето на ланецот е прениско | Поставете го затегнувањето на ланецот |
Ланецот на пилата е истапен | Заменете го ланецот на пилата | |
Ланецот на пилата истрошен | Заменете го ланецот на пилата | |
Запците на ланецот покажуваат во погрешен правец | Правилно монтирајте го ланецот на пилата |