Ставање во употреба
Напомена: Електричниот алат е оптимиран за длабочини на стругање до 1 mm.
Со вртливото копче (1) може да се подеси длабочината на стругање од 0 – 1,0 mm. За длабочини на стругање поголеми од 1 mm мора да се притисне копчето (2):
Материјал | Ширина на рендето во mm | Длабочини на стругање во mm | |
---|---|---|---|
0 – 1,0 | 0 – 2,0 | ||
Меко дрво | < 30 | ● | ● |
30 − 40 | ● | − | |
Цврсто дрво | < 20 | ● | ● |
20 − 30 | ● | − | |
Меко дрво (влажно) | 0 − 40 | ● | − |
Шперплоча | < 20 | ● | ● |
20 − 30 | ● | − | |
Шперплоча со слој од фенолна смола | < 15 | ● | ● |
15 − 30 | ● | − | |
Лесонит со средна густина | < 20 | ● | ● |
20 − 30 | ● | − | |
Фурнири | 1 | ● | ● |
Фурнири од тврдо дрво | 3 − 5 | ● | ● |
Двокомпонентен филер | 3 − 5 | ● | ● |
Картон | 2 | ● | ● |
- Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (4) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Приказот за наполнетост на батеријата (10) при половично или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (4) за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и има 3 зелени LED-светилки.
LED светилки | Капацитет |
---|---|
Трајно светло 3× зелено | ≥66 % |
Трајно светло 2× зелено | ≥33 % |
Трајно светло 1× зелено | <33 % |
Трепкаво светло 1× зелено | Резерва |