Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Чистење на стегалките (види слики E1−E3)
- Отстранете ја чаурата (2) спротивно од правецот на стрелките на часовникот од електричниот алат.
- Држете ја со клуч за навртување (16 mm) спроти површината за клуч (22) и олабавете ги стегалките за чаура (21).
- Повлечете ги стегалките за чаура (21).
На овој начин, стегалките (23) и компресионата пружина (24) се лесно достапни. - Исчистете ги стегалките (23) и компресионата пружина (24) од прав и метални делчиња.
- По потреба, заменете ги стегалките (23).
- Повторно монтирајте ги сите делови во обратен редослед.
Вметнување на копчеста батерија
Bluetooth® Low Energy Module содржи копчеста батерија.
Ако копчестата батерија е преслаба или празна, ќе бидете информирани преку Bosch Toolbox. Замената на копчестата батерија мора да се врши од Bosch или овластена сервисна служба за Bosch електрични алати.
- Внимание: Копчестата батерија секогаш заменувајте ја со копчеста батерија од ист тип. Инаку, постои опасност од експлозија.
- Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица.