Начини на работа
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Подесување на аголот на закосување (види слика D)
Основната плоча (7) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитата од кинење (15) не може да се примени за сечење под агол.
- Извадете ја заштитата од кинење (15).
- Олабавете ја завртката (16) и притиснете ја основната плоча (7) лесно во правец на струјниот кабел.
- За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча од десната и левата страна има точки за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната плоча (7) согласно скалата (17) во саканата позиција. Другите агли на косо сечење може да се подесат со помош на агломер.
- Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во правец на сечилото за пила (10).
- Повторно цврсто затегнете ја завртката (16).
Поместување на основната плоча (види слика E)
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја поместите основната плоча (7).
Одвртете ја целосно завртката (16) со клуч со внатрешна шестаголна глава (4). Извадете ја завртката заедно со профилната лајсна (18).
Подигнете ја основната плоча (7). Поместете ја основната плоча кон струјниот кабел, така што отворот за завртување за сечење близу раб (22) да биде над дупката со навој во куќиштето на електричниот алат. Запците за позиционирање (19) мора истовремено да се вклопат во отворот (20) на основната плоча. Ставете ја завртката (16) со профилната лајсна (18) во дупката со навој и затегнете ја завртката.
Сечењето со поместена основна плоча (7) е можно само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се користат и паралелниот граничник со кружен секач (25) (опрема) и заштитата од кинење (15).