Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

За Фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување, (2) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (3).

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.

Претходно избирање на бројот на одови

Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (1) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.

Се препорачува намалување на бројот на работни одови при поставување на сечилото за пила на алатот, како и при сечење на пластика и алуминиум.

Бројот на одови што се подесуваат на шест нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.

Степен

Број на одови прибл.
(min−1)

Примена/материјал

1

800

Метал

2

1300

Метални, тесни заоблени засеци

3

1800

Тесни заоблени засеци

4

2200

Заоблени засеци

5

2600

Заоблени засеци

6

3000

Стандардни засеци, брзи засеци

При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.