Ставање во употреба

(GWX 18V-15 C / GWX 18V-15 SC)

За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред.

За фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (5) притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) нанапред надолу додека не се вклопи.

За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) наназад надолу и потоа ослободете го.

  • Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

(GWX 18V-15 P / GWX 18V-15 PSC)

За ставање во употреба на електричниот алат, најпрво притиснете ја нанапред рачката за ослободување (10) и потоа притиснете го нагоре прекинувачот за вклучување/исклучување (5).

За да го исклучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5).

  • Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (30)

Значење/Причина

Решение

зелено

Батеријата е полна

жолто

Батеријата е речиси празна

Наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

црвено

Батеријата е празна

Заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Приказ за статусот на електричниот алат (35)

Значење/причина

Решение

Зелена

Статус OK

Жолта

Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади или наскоро заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Свети во црвена боја

Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна

Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата

Трепка црвено

Исклучувањето при пречки, заштитата од рестартирање или исклучувањето при удар се активирале

Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат

Трепка сино

(GWX 18V-15 C / GWX 18V-15 SC / GWX 18V-15 PSC)A):
Електричниот алат е поврзан со мобилен уред или поставките се пренесуваат

A)

Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 не е вклучено во стандардниот обем на испорака

Приказ за температура (36)

Значење/Причина

Решение

жолто

Достигната е критична температура (мотор, електроника, батерија)

Оставете го електричниот алат да работи во празен од и да се олади

црвено

Електричниот алат е прегреан и се исклучува

Оставете го електричниот алат да се олади

Ознака за паметен телефон (34)

Значење/причина

(GWX 18V-15 C / GWX 18V-15 SC / GWX 18V-15 PSC)A):
Со помош на Bluetooth®-безжичната технологија може да бидат достапни дополнителни информации на поврзаниот мобилен краен уред во зависност од приказот „Статус на електричниот алат“.

A)

Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 не е вклучено во стандардниот обем на испорака

(GWX 18V-15 C / GWX 18V-15 SC / GWX 18V-15 PSC)

Во поврзување со Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 (не е вклучено во стандардниот обем на испорака) на располагање ги имате следните функции на поврзување за електричниот алат:

  • Регистрирање и персонализирање
  • Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
  • Општи информации и подесувања
  • Управување

За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 42 (не е вклучено во стандардниот обем на испорака) прочитајте го соодветното упатство за употреба.

Поврзувањето на електричниот алат со апликацијата мора да се потврди со притискање на копчето Претходно избирање на број на вртежи (32) на кориснички интерфејс (4). Апликацијата го бара тоа при поврзувањето.