Приоритетно копче (Priority Start)
На секој отвор за полнење (1) се наоѓа приоритетно копче (5) за веднаш да се започне со процесот на полнење во овој отвор за полнење.
- По eдно притискање на приоритетното копче (5) батеријата во овој отвор за полнење се полни со приоритет до околу 80 % од нејзиниот капацитет (прв циклус на полнење). За започнување на процесот на полнење кратко светат првите 4 LED светилки на приказот за наполнетост на батеријата (4). Ако батеријата е наполнета до 80 %, во насока на стрелката (2) се полни следната батерија (спротивно на стрелките на часовникот).
- По две притискања на приоритетното копче (5) батеријата во овој отвор за полнење се полни со приоритет до целосна состојба на наполнетост на батеријата. За започнување на процесот на полнење кратко светат 5 LED светилки на приказот за состојба на наполнетост на батеријата (4). По завршувањето на овој процес на полнење другите батерии продолжуваат да се полнат до околу 80 %.
Кога батеријата со приоритет е целосно наполнета, се полни батеријата во следниот отвор за полнење. Редоследот на полнењето се врши во насока на прикажаната стрелка (2) на уредот за полнење (спротивно на стрелките на часовникот).