Батеријата не се полни

 

Не се полни батерија и сите шест прикази (3) трепкаат истовремено во црвена боја.

Причина: Полначот детектираше внатрешна грешка

Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Повлечете го струјниот приклучок и повторно вметнете го. Доколку повторно се појави грешката, полначот оставете го на проверка во овластена сервисна служба за Bosch -електрични алати.

Не се полни батерија и приказот (3) трепка во црвена боја (секој поединечно на отворот за полнење).

 

Причина: Батеријата не е правилно вметната

Помош: Вметнете ја батеријата правилно во полначот.

 

Причина: Батеријата и контактите за полнење се валкани

Помош: Исчистете ја батеријата и контактите за полнење; на пр. со повторено вадење и ставање на батеријата.

 

Причина: Батеријата е дефектна

Помош: Заменете ја батеријата.

Батеријата не се полни и приказот (3) свети црвено.

 

Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење

Помош: Почекајте додека температурата на батеријата не дојде повторно во рамки на дозволениот опсег на температура на полнење (0–45 °C).