Ставање во употреба

Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот.

Наполнетата батерија (6) притиснете ја однапред навнатре во подножјето на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.

  • Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) налево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.

Дупчење

Поставете го прстенот за подесување на режимот на работа (4) на ознаката „Дупчење“.

Завртување

Поставете го прстенот за подесување на режимот на работа (4) на ознаката „Завртување“.

Поставете го прстенот во претходно избраниот вртежен момент (3) на саканиот вртежен момент.

Ударно дупчење

Поставете го прстенот за претходно подесување (4) на ознаката „Ударно дупчење“.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и држете го притиснат.

LED светилката (8) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

LED-работното светло (8) се користи и за приказ за статус за заштита на уред и ниско ниво на батеријата:

LED-
Повратна порака

Опис

Трепкачко светло 3x
при работа

Ниско ниво на батеријата.
Батеријата е под оптималната вредност на напонот. Капацитетот на уредот е ограничен.

Трепкачко светло 3x
по мирување

Заштитата на уредот е активна.
Заштитата на уредот е активирана за заштита на батеријата од висока енергетска потрошувачка и за заштита на уредот од оштетување.

  • Ако нивото на батеријата е ниско, тогаш наполнете ја батеријата (6) или заменете ја слабата батерија со целосно полна.

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (10).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 20 степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот за вметнување запира.

  • Прекинувач за избор на брзина (5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Брзина 1:

Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување.

Брзина 2:

Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.

  • Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При силно оптоварување или при напуштање на темпратурниот опсег електричниот алат се исклучува и LED светилката на електричниот алат трепка. Оставете електричниот алат да се олади, пред да продолжите со работа.

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот на алатот ќе се фиксира (1).

Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија (6) одн. користење на електричниот алат како одвртувач.