Дополнителна рачка (види слика A)
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (6).
Дополнителната рачка (6) може да ја подесите во 12 позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (6) во правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната рачка (6) нанапред, додека не се навали во соодветната позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната рачка (6) наназад и свртете го долниот дел на рачката во правец на вртење ➋ и затегнете го.
Подесување на длабочината на дупчење
(види слика A)
Со граничникот за длабочина (7) може да се утврди длабочината на дупчење X.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (6) во правец спротивен на стрелките на часовникот и поставете го граничникот за длабочина (7).
Извлечете го граничникот за длабочина (7) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (7) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.
Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (6) во правец на стрелките од часовникот.
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (7) мора да покажува надолу.