Процес на полнење
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.
- Осигурете се дека сите прегради за полнење (1) и контактите за батеријата не се валкани. Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати.
Процесот на полнење започнува, веднаш штом струјниот приклучок и батеријата се вметнати. Ако процесот на полнење започне со неколку батерии во исто време, тие се полнат последователно во насока на прикажаната стрелка (2) (спротивно на стрелките на часовникот).
Батериите се полнат последователно во 2 циклуси на полнење.
- Во првиот циклус на полнење се врши полнење на сите вметнати батерии до околу 80 % од капацитетот.
- Во вториот циклус на полнење се врши полнењето од околу 80 % до целосно полнење на батеријата. Вториот циклус на полнење започнува кога сите вметнати батерии се наполнети до околу 80 %.
Ако батеријата има состојба на наполнетост од 80 %, се прескокнува во првиот циклус на полнење и се полни во вториот циклус на полнење, до целосна состојба на наполнетост на батеријата. Ако за време на вториот циклус се користи нова батерија со состојба на наполнетост под околу 80 %, таа веднаш ќе се наполни. Откако оваа батерија ќе се наполни до околу 80 %, редоследот на полнење се редефинира. Следната батерија што ќе се полни во вториот циклус на полнење го следи редоследот на стрелките (2) на полначот (спротивно од стрелките на часовникот).
- Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).
Паметниот процес на полнење автоматски ја открива состојбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.